Разновидноста на крвните групи, односно постоењето на четири крвни групи А, Б, АБ и 0, има врска со еволутивната предност.
Во 1900 година, австралискиот лекар Карл Ландштајнер откри три крвни групи, А, Б и 0. Тоа беше огромно откритие, па во 1930 година Ландштајнер ја доби Нобеловата награда за големо достигнување во медицината. Неколку години подоцна, беше откриена и крвната група АБ.
Мутациите и формирањето на крвните групи имаат врска со јачината на имунитетот
Научниците докажаа дека потеклото и времето на појавување на крвната група, како и кој на кого може да биде крводарител, имаат големи врски со отпорноста на одредени болести.
Крвната група А е „послаба“ од останатите
Крвната група А е најстарата крвна група, а сите други крвни групи се формирани како резултат на мутација неопходна за да преживее човекот, односно да се спротивстави на одредени болести. Така, крвната група 0 е формирана пред пет милиони години, а крвната група Б набрзо потоа.
Се верува дека овие мутации преживеале благодарение на нивната отпорност на одредени болести. Научниците открија дека клетките заразени со маларија не се врзуваат лесно за крвната група Б или 0, што значи дека луѓето со крвни групи 0 и Б се поотпорни на маларија отколку луѓето со крвна група А. Затоа, може да се каже дека крвната група А е„послаба“ од останатите.