Австралија е дефинитивно еден од најголемите противници на пушењето. Сите закони се многу радикални на тој план, цигарите не се добредојдени речиси никаде, а потрошувачката е намалена поради сите регулативи и неверојатно високите цени.
Во сите сојузни држави и територии, пушењето е нелегално во сите услужни области, кафулиња, ресторани, трговски центри, па дури и кога ќе видите пушач на улица, некој ќе помине и ќе гестикулира дека не му се допаѓа она што друго лице прави.
Во средината на 90-тите, секој четврти Австралиец бил пушач, но оттогаш тој процент се намалил од 26 на 5-7 отсто од граѓаните.
Бројот на жителите на таа земја кои никогаш не пробале цигара се зголемил за 20 отсто.
Овие бројки сè уште се во огромен пад бидејќи австралиската влада се обидува да донесе закони за да го отежне консумирањето на цигари на пушачите.
Имено, на белиот пазар најевтините цигари може да се најдат и за 22-23 австралиски долари (приближно 800 денари), па дури и до 60 долари (2.200 дeнари).
Апсолутно е забрането да се продава на лица кои не се полнолетни, а органите на прогонот, доколку утврдат дека некое лице е помладо од 18 години, веднаш би можеле да му ги одземат цигарите.
Пушењето е забрането и во градините на рестораните и кафулињата, а од излезите и влезовите на сите јавни установи мора да бидете оддалечени четири метри.
Ова вклучува трговски центри, училишта, колеџи, болници, театри, хотели, мотели, ресторани, кафулиња, клубови…
Не само што влезовите, туку треба да бидете подалеку од вентилационите отвори и прозорците за да спречите чад да влезе во затворените простории.
Пушењето во затворени простории е забрането веќе 17 години, додека овој целосен и актуелен закон дојде пред 13 години.
На многу јавни места во Мелбурн можете да видите знаци за забрана за пушење дури и во местата за пешачење.
Сè на сè, Австралијците се стремат целосно да ја искоренат зависноста од никотин, а сето тоа произлезе од дебатата во парламентот каде што беше утврдена високата стапка на смртност од рак на белите дробови.