За време на викендот времето ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови.
На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка.
Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд од УХМР очекуваат во вторник.
извор: novamakedonija.com.mk