На страницата „World of Statistics“ е објавен преглед на цените на оброците во евтините ресторани по разни земји во светот.
Податоците покажуваат дека најскап оброк има во Швајцарија со просечни 28,99 долари. На другиот крај на листата е Нигерија, каде што просечната цена на оброк во евтин ресторан чини 1,48 долари.
Меѓу најскапите се Данска, САД, Луксембург, Белгија, Норвешка и Велика Британија, каде што ќе треба да издвоите 18 долари и повеќе за просечен оброк во евтин ресторан.
Кога зборуваме за Македонија – таа е на дното на листата, а според објавените податоци, просечната цена на оброк во евтин ресторан во Македонија чини 5,29 долари.
БиХ е со просек од 5,01 долар, Хрватска е со просек од 10,84 долари, а Србија со 7,42 долари.
Кога станува збор за земјите со најниски просечни цени се Пакистан, Бангладеш, Непал, Индонезија, Виетнам, Алжир, Малезија, Шри Ланка, Тајланд и Боливија, каде што просечната цена на оброк во евтин ресторан не надминува 3 долари.