Центарот за управување со кризи соопшти дека по 18 часот на територијата на државата активна забрана за тешки товарни возила има на 10 патни правци во државата.
Според информациите кои ги споделија на социјалните медиуми еве кои од нив во моментов се затворени:
- Патен правец Р1302 Струмица – Берово (за патнички возила е задолжителна употреба на зимска опрема), -планински премин „Плетвар, патниот правец „А1“ „Демир Капија – Миравци, Битола – Ресен – планински премин „Ѓавато“, патен правец Тетово – Попова Шапка – забраната важи и за автобуси, патен правец „А2“ Струга – г.п. „Ќафасан“, с. Рогачево до г.п. „Јажинце“ – за останатите возила задолжителна е зимска опрема, Гостивар кон „Стража“ – Кичево и Маврово кон Дебар, задолжителна зимска опрема е воведена и за патниот правец кон г.п. „Делчево“.