И покрај тоа што зимската туристичка сезона е во полн ек, на Попова Шапка, Маврово, Пониква... нема туристи.
Сè се сведува на дневни тури, но со почетокот на учебната година, и тие се сведени на минимум. Скијачката сезона започна само на Попова Шапка, каде што има паднато повеќе снег, а во другите туристички центри нема ниту доволно снег.
Но и таму нема туристи, само повремено некој од скијачите од регионот што користи фрирајд скијање. За разлика од кај нас, зимските туристички центри во регионот, и покрај високите цени на ски-билетите и на сместувањето, цел јануари работат со полн капацитет.
Цените на сместувањето и на ски-билетите не се покачени во однос на лани. Дневната ски-карта за возрасни, во текот на работните денови, чини 1.100 денари, а за викендите – 1.300 денари. Дневната карта за деца, во работните денови, е 800, а за викендите 950 денари. Сместувањето зависи од времето на престој и од категоризацијата на хотелот, но, во просек, цените за полн пансион се движат од 30 до 65 евра за лице на ден.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press