Скопјанец доживеал непријатно искуство кога сакал да внесе пари преку банкомат. Наместо да ги добие парите на својата сметка, тој практично останал без нив, бидејќи банкоматот не ги препознал како валидни и ги „голтнал“.
Тој во разговор за Денар раскажува дека сакал да внесе 10.000 денари во банкоматот на една од најпознатите банки во земјава, но по внесувањето на парите, банкоматот го известил дека трансакцијата не е успешна и дека треба да се обрати во банката.
Кога сакал да ги повлече парите, банкоматот не му ги вратил, туку ги задржал во себе.
„Многу се изнервирав. Сакав да внесам 10.000 денари во банкоматот, бидејќи тоа беа моите последни пари и сакав да ги искористам за плаќање алиментација за моето дете. Но, кога ги внесов парите, банкоматот ми рече дека трансакцијата не е успешна и дека треба да се обратам во банката. Јас се исплашив и сакав да ги повлечам парите, но банкоматот не ми ги врати, туку ги задржа во себе. Не знаев што да правам, бидејќи останав без пари и без помош. Побарав од банката да ми ги врати моите пари што е можно поскоро, но оттаму ми рекоа дека треба да почекам околу една недела за да се изброеле парите. Зарем не разбираат дека тие пари се многу важни за моето дете?“, раскажува револтираниот скопјанец.
Денар побара одговор од банката, а оттаму ни објаснија дека постојат неколку можни причини за неуспешна реализација на уплата на готовина на банкомат.
Една од причините може да биде лош квалитет на банкнотите, што подразбира пари кои се нови, лизгави и необработени на машина и кои претходно не биле во оптек, или, пак, многу оштетени пари.
Друга причина може да биде технички дефект на банкоматот или неговата заштита од фалсификување на пари.
Банката вели дека има постапки за разрешување на овие ситуации, кои се прават на редовна основа или по добиена пријава од клиент.
Според банката, клиентите не треба да паничат, тие ќе си ги добијат парите, но за тоа треба да почекаат, можеби и една недела.
Банката исто така апелира до клиентите да користат пари кои се во добра состојба и да проверат дали банкоматот работи исправно пред да внесат пари.