На први јули 2019 година Управата за јавни приходи започна со спроведување на проектот Мој ДДВ со кој дел од Данокот на додадена вредност што граѓаните го плаќаат купувајќи различни работи.
Секој граѓанин имајќи профил на УЈП и апликација на својот смартфон, можеше на едноставен начин да скенира фискални сметки и на тој начин да си обезбеди поврат на дел од потрошените пари.
На почетокот лимитот за поврат на ДДВ за едно томесечје изнесуваше 1.800 денари (или по 10 евра месечено) а се почна со поврат на 15 проценти од вкупниот износ на ДДВ на секоја фискална сметка.
Иако на почетокот на воведувањето многумина имаа резерви како ќе функлционира овој проект, сепак тој опстојува веќе четири и пол години, а бројот на корисници не само што не се намалува, туку постојано се зголемува.
Стотици илјади граѓани секојдневно скенираат сметки и секој трет месец во годината добиваат дополнителен финансиски приход директно на своите сметки (без при тоа да мораат да пополнуваат формулари, да поднесуваат документи до институции и слично)
Во меѓувреме мерката Мој ДДВ претрпе извесни промени. Процентот на поврат веќе не е 15 туку е 20% за производи од македонско производство а 10% за оние произведени надвор од Македонија.
Лимитот од 1.800 денари по тромесечие сега е зголемен на 2.100 денари (или по 700 денари месечно)
Колку граѓаните навистина имаа(т) придобивки од Мој ДДВ?
Лани, на одбележувањето на четиригодишнината од стартот на проектот, директорката на УЈП кажа дека за тој временски период преку мерката кон граѓаните се вратени 6,6 милијарди денари или 107,5 милиони евра.
Дополнително, третсиот квартал од 2023 година се исплатени 690 милиони денари или 11,2 милиони евра, а ако се претпостави дека во тој ранг би била исплатата (која треба да започна деновиве) за последните три месеци од 2023 година, тога лесно се стинува до податокот дека за четири и пол години државата преку оваа мерка на граѓаните им вратила над 130 милиони евра, што значи дека само за исплата на овој проект, годишно од Буџетот се одвојуваат над 28 милиони евра.
Оваа мерка е уникатна не само затоа што е целосно дигитализирана и лесна за употреба за крајните корисници, туку и поради фактот што Македонија е единствена земја од регионот на на ваков начин врши поврат на ДДВ кон физички лица.
Жените скенираат повеќе од мажите
Според последните информации, апликацијата Мој ДДВ ја користат преку 540.000 граѓани или над една четвртина од вкупното население во држвата.
Од оние што скенираат побројни се жените, по градови најмногу се скенирало во Штип, Валандово, Кичево, Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија, а нејчести скенирани фискални сметки се оние од ланци на маркети и од бензински пумпи.