Дел од познатите македонски производи кои веќе имаат изграден имиџ или бренд, особено во нашата земја, се присутни и на пазарот во Германија.
Низ полиците во маркетите во оваа европска земја, каде изборот на продукти е многу разновиден можат да се најдат и дел од нашите препознатливи производи како што се омилениот флипс на „Стоби Флипс“, а од нивниот асортиман го има и чоколадираниот флипс. Но, низ рафтовите на дел од продавниците, кои претежно се специјализирани за продукти од балканот или за продукти од Труција се наоѓаат и кафе „Браво, но и нашите специјалитети од пиперка, па секој може да си купи тегла „Мамас“ или „Баш ајвар“, но и слатките задоволства на „Sunday“.
Но, цените на овие производи во некои маркети се три пати повисоки отколку во Македонија.
Па така 500 грама баклава на „Sunday“ чини шест евра или скоро 370 денари, тела „Мамас“ од 290 грама исто така се продава за шест евра, додека теглите од 550 грама чинат 9 евра. Малку поевтини се пакувањата на „Баш ајвар“, чија тегла тежи 530 грама и чини 7 евра. Малото пакување „Стоби флипс“ чини 60 центи, но чоколадираниот флипс од 150 грама се продава по цена од 2.49 евра. Половина килограм кафе „Браво“ чини 8 евра или 490 денари.
Вреди да се напомене дека нашите производи ги има исклучиво во балкански продавници кои се ретки, а некои од нив може да се најдат и во турските продавници, кои ги има во секое гратче низ Германија.
За разлика од македонските производи, дел од веќе големите балкански брендови од земјите некогашни членки на Југославија ги има почесто низ маркетите во Германија.
Па така на пример познатата „Вегета“ се среќава и во големите трговски синџири како „Кауфленд“, „Едека“ и „Лидл“, но ја има и во турските и балканските продавнци.
Зависно од популацијата во одредена наслеба, дел од големите германски маркети ги продаваат и балканските производи, очигледно на барање на многубројните иселеници во земјата.
Турските продавниции пак, преферираат турски продукти, каде пред се се фаворизираат производи кои се произведени во Турција, а низ нивните полици се наоѓаат балкански производи кои не ги имаат во производство како што е препознатливата кокошкина супа на „Подравка“, и чија цена во Германија достигнува едно евро.
Но, за сите љубители на традиционалното кафе, во Германија има повеќе маркети каде се продава „Гранд“ кафе, но и други типови на наши кафиња. А тука се наоѓаа и смоките на „Соко штарк“ како и дел од кондиторските продукти кои и во Македонија се многу барани.