Во потрага по „тајните“ на долг и здрав живот, многумина се свртуваат кон навиките на жителите на сините зони – најдолговечните луѓе.
Истражувачот Ден Бутнер со години ги проучува навиките на луѓето во сините зони. Во неодамнешната објава на Инстаграм, тој сподели што јаде најдолговечното семејство на светот секој ден.
Семејството Мелис од Сардинија, Италија го држи светскиот рекорд по долговечност. Во 2012 година го соборија светскиот рекорд како семејство со најголема возрасна комбинација. Деветте браќа и сестри имаат заедно 861 година. Најстариот член има 109 години.
Интересно е што секој ден јадат потполно ист ручек: минестроне супа направена од три вида грав (гарбанцо, пинто и бел грав), леб од кисело тесто и чаша црвено вино. Овој оброк е типичен за сините зони бидејќи се состои од цели намирници од растително потекло.
„Луѓето кои живеат најдолго и најздраво, јадат половина шолја до шолја грав секој ден. Освен тоа, супата од минестрон е богата со зеленчук, што многу придонесува за долговечноста“, вели диететичарот Саманта Касети.
Истражувањата покажуваат дека јадењето триесет уникатни растителни намирници неделно може да ја подобри различноста на цревата, што е показател за здрави црева. Ова е важно бидејќи цревата ги регулираат здравствените функции како што се крвниот притисок и холестеролот, воспалението, расположението, тежината и апсорпцијата на хранливи материи.
„Природно ферментираниот леб од кисело тесто не произведува скокови на шеќерот во крвта како белиот леб, што помага да се одржи поздраво ниво на шеќер во крвта“. Со текот на времето, високиот шеќер во крвта може да придонесе за отпорност на инсулин и дијабетес тип 2“, додаде Касети за Today.