Зголемени средствата за вториот јавен повик за субвенционирање на печки на пелети
На вчерашната седница Владата на РМ одлучи да ги зголеми средствата за субвенционирање на трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата од 14.000.000 на 21.000.000 денари.
Дополнително, Владата го задолжи Министерството за економија да објави втор јавен оглас каде право на аплицирање имаат сите домаќинства кои купувале печки на пелети во периодот од 1-ви септември до 12 декември 2018 година.