Доколку сакате да патувате треба да ги смените и сообраќајните и возачките дозволи затоа што и нивната важност истекува на 12. февруари.
Доколку граѓаните не ги променат сообраќајните дозволи или пак возачките, во Македонија нема да имаат проблем, но би можеле да имаат проблем доколку сакаат да патуваат со возилото и да ја минуваат границата. Цена за менување на возачка дозвола е 390 денари, за регистарски таблици 1.250 денари, а за сообраќајна дозвола е 250 денари.
Во согласност со обврските од Преспанскиот договор до 12 февруари 2024 година, треба да се заменат сите лични документи и на нив да стои новото име на државата, Северна Македонија или кратенката НМК. Освен за пасошите и личните карти, ова се однесува и за сообраќајните дозволи, регистарските таблички и возачките дозволи.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи објасни дека Сообраќајната е документ кој што го покажувате на странската царина кога ја минувате границата.
Ако имате сообраќајна извадена пред на пример 5 години тогаш на неа ви стои „Република Македонија“ и ќе мора да ја смените, односно има големи шанси странскиот царински службеник да не ве пушти да поминете.
- Документ кој што се користи и за надвор после 12 не треба да се користи. А сообраќајната е за надвор бидјеќи на граница треба да ја покажете, на царина, а таму има исто име. Така што, да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи треба да бидат сменети, порача вчера Османи.