Пицата е една од најпопуларните и најприфатливите брза храна денес. Без разлика дали станува збор за патување или купување појадок на пат кон работа, сите со задоволство го избираат овој оброк, но отсега ќе треба да плаќаат повеќе.
Цените на пиците и питите купени во продавниците во Европската унија во декември минатата година биле за 5,9 отсто повисоки во однос на истиот месец од 2022 година, објави Евростат.
Во претходниот период од декември 2021 до декември 2022 година, цените на пиците и питите се зголемени за 15,9 отсто, од што произлегува дека и во оваа категорија се намалува инфлацијата. Во текот на изминатата година, пиците и питите најмногу поскапеле во Унгарија, за 13,4 отсто, Луксембург за 11,3 отсто и Латвија за 10,6 отсто.
Холандија е единствената земја во Европската унија каде пиците и питите поевтинија за 0,9 отсто, а многу скромен пораст на цените е забележан во Данска за 0,6 отсто и Белгија за еден отсто.
Цените на пиците во Монако значително се зголемиле. На пример, во продавница таму парче пица со 4 вида сирење од 150 грама се продава за 2,31 евро, а цената се искачува на 6,20 евра за 360 грама.