Некогаш популарната пејачка Селин Дион направи вистинска експлозија откако сними нов спот каде промовира промена на полот кај децата. Дион смета дека децата не треба да се делат на момчиња и девојчиња, туку да им се дозволи сами да изберат што сакаат да бидат. Во шокантниот спот пејачката е облечена во црна облека и врши провала во породилиште. На самиот крај, таа ги менува плавите и розеви облеки на бебињата во облека со црно-бела боја.
Поп пејачката ќе ја започне својата кариера во текстилната индустрија со линија која ќе содржи неутрална детска облека. Со рекламата таа го објави своето партнерство со компанијата Нунун. Ние можеме да ги турнеме во иднината, но децата сами треба да го одберат својот пат, вели Селин во еден момент.
Во едно интервју, Дион објаснила дека инспирација за колекцијата добила откако ги однесла своите двајца синови близнаци во Дизниленд. Наместо да ги однесе кај суперхероите, нејзините осумгодишни синови сакале да се запознаат со принцезите и Мини Маус. Не знаете што вашето дете ќе стане во иднина, рекла пејачката која беше популарна во 90-тите. Не сакате да имаат проблем и да мислат дека треба да се облекуваат на одреден начин, или да говорат на одреден начин само затоа што се машко или девојче. Оставете го луѓето да бидат што сакаат и направете го тоа што е можно побрзо, додава таа.
Пејачката не дала коментар за тоа дали нејзините родовно неутрални облеки се еден вид наметнување норми на самите деца.