Кога се фотографираме за приватни цели, обично се насмевнуваме за да изгледаме поубаво. Но, дали знаете зошто е забрането насмевката на фотографиите од пасошот?
Чипот во пасошот содржи биометриски податоци за вас, кои се добиени од фотографијата. Таа фотографија се скенира, пресметувајќи го растојанието помеѓу очите, врвот на носот и брадата, за да се добие математичка „мапа“ или алгоритам на лицето.
Сè што може да го наруши или спречи пресметувањето на тие мерки – како носење очила или широка насмевка, ја намалува ефикасноста на алгоритмот, пишува Курир.рс.
Кога поминувате низ е-портата на аеродромите, камерата го скенира вашето лице и ги прави своите пресметки за мерењата на лицето. Потоа компјутерот проверува дали мерките на вашето лице се совпаѓаат со оние на фотографијата во пасошот.
Ако мерењата на лицето на скенерот на аеродромот и во пасошот не се совпаѓаат, тогаш сте во голема неволја.