Додека во многу земји плата од 4.500 евра би се сметала за добар приход, во Швајцарија тоа често значи живеење на работ на сиромаштијата.
Годишната стапка на инфлација во Швајцарија падна на 1,3 отсто во јануари од 1,7 отсто во декември и сега е најниска од октомври 2021 година.
Ова го објави швајцарскиот федерален завод за статистика BFS на својата веб-страница.
Цените на станбените и комуналните услуги во Швајцарија се зголемија за 2,5 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од декемвриските 3,3 отсто.
Храната и безалкохолните пијалаци поскапеа за 2,3 отсто, што е помалку од декември кога цените во оваа категорија поскапеа за 3,3 отсто.
Годишната стапка на базичната инфлација во Швајцарија исто така падна во јануари, на 1,2 отсто од декемвриските 1,5 отсто.
На месечно ниво, инфлацијата во Швајцарија се зголеми за 0,2 отсто.
Кириите, недостигот на станови и зголемените трошоци за здравствено осигурување предизвикуваат исчезнување на голем дел од приходите. Кога ќе се подмират сите овие обврски, остануваат многу малку пари за други животни потреби.
Според податоците од крајот на минатата година, речиси 750.000 луѓе во Швајцарија се соочуваат со предизвиците на сиромаштијата, што е неверојатна бројка за земја позната по високиот животен стандард.
Платата е околу 6.000 франци, но тоа е бруто износот. Откако ќе се одбие данокот, на сметката остануваат околу 4.700 франци.
Без разлика дали станува збор за индустријата, занаетчиството, здравството или ИТ секторот – недостигот на работна сила во Европа станува сè поголем проблем. Напливот на работници од странство, како што пишуваат странските медиуми, веќе некое време не функционира како што треба, а поради тоа многу европски земји се соочуваат со сериозен проблем на недостиг од работници. Овие предизвици ги има и Швајцарија.
Работа најдобро се наоѓа преку лична препорака, односно ако некој ве препорача на работодавач. Во тој случај, многу е важно да не се коцка нечија доверба (особено за време на пробното работење во првите неколку дена).
Видови работни дозволи во Швајцарија
Нема временска рамка за издавање на работна дозвола: се додека барањето е соодветно пополнето и ја содржи целата потребна документација, издавањето на работната дозвола може да трае од неколку недели до неколку месеци. Постојат неколку видови на работни дозволи:
L дозвола – краткорочна дозвола – за договори за работа од 4 до 12 месеци. Во исклучителни случаи, можно е продолжување на визата до 24 месеци во кои работникот работи кај истиот работодавач. Оваа виза се издава и на студенти кои студираат во Швајцарија.
B дозвола – дозвола за престој – издадена на една година и се обновува секоја година на странци кои работат во Швајцарија на неопределен период. Даноците се наплаќаат на изворот.
C дозвола – дозвола за постојан престој – се издава кога странците поминуваат десет години непрекинато во Швајцарија. ГНа граѓаните на Америка и Канада се издаваат по 5 години живеење во Швајцарија. Имателот на виза C може да го смени работодавецот и да живее во кој било кантон. Даноците повеќе не се наплаќаат на изворот.
Основните правила кои важат за сите страни кои сакаат да работат во Швајцарија, а немаат државјанство на земја од ЕУ/ЕФТА, односно важат за сите работодавци кои сакаат да вработат работници надвор од ЕУ, може да се најдат на веб-страницата Швајцарија од А до Ш:
-Лицата се примаат кога тоа е од општ економски интерес.
-Овластувањето се дава само доколку не се искористени утврдените квоти.
-Државјани од трети земји може да се вработат само ако никој со исти квалификации не може да се најде во Швајцарија или земја членка на ЕУ/ЕФТА.
-Се прифаќаат само менаџери, специјалисти и други квалификувани работници. „Квалификувани работници“ се првенствено носители на високообразовни квалификации (т.е. со диплома од универзитет или универзитет за применети науки) кои исто така имаат специфична техничка експертиза и неколкугодишно професионално искуство. При издавањето на дозволите за престој ќе се земат предвид и критериумите за интеграција: способност за прилагодување на ново занимање и социјална средина, јазични вештини и возраст.
-Платата и работните услови исто така мора да бидат еквивалентни на оние што важат за жителите на Швајцарија.