На едно четиричлено семејство да го помине февруари потребни му се 57.467 денари, покажува синдикалната кочница. Споредено со минатиот месец, животот во февруари е поскап за 313 денари.
Најмногу пари на граѓаните им се потребни за прехранување. Според Сојузот на Синдикати, за четири лица да се прехранат во месецот потребни се 21.219 денари или 36,9% од целокупниот буџет.
Сметките за вода, струја и греење, според ССМ, изнесуваат 10,5% од буџетот на семејството или 6.014 денари.
Но доколку семејството нема сопствен дом и изнајмува стан од 60 квадратни метри, нивните трошоци драстично се зголемуваат. Според Синдикалната кошница, за да преживеат потребни им се 72.851 денар.