Како што напреднува технологијата така компјутерите учат да ги извршуваат човечките задачи со поголема ефикаснот отколку самите луѓе. Се поставуваат прашањата: "Колку од нас во иднина ќе останат без работа?" и "Дали постои начин да се осигураме дека ние ќе останеме незаменливи како работници?". Оваа закана е се уште далеку во иднината, но сепак оваа информација можеби треба да ви биде како еден вид насока кога е во прашање изборот на кариера.
Креативни уметности
Дигиталните алатки како Photoshop и Illustrator се примарни програми користени од страна на графичките уметници. Напредокот на камерата ја направи дигиталната фотографија поевтина и попогодна од кога било досега. Креативните напори никогаш нема да можат да бидат заменети. Уметноста е израз на човечката креативност, имагинација и импровизација – нешто што компјутерите никогаш нема да го имаат.
Професионални спортови
Светот е дом на стотици милиони љубители на спортот. Како вид, сакаме да играме и сакаме да гледаме како другите играат. Спортот како таков е совршен израз на нашата тенденција за игра. Дали стадион полн со фудбалски роботи ќе биде забавен за гледање? Можеби за кратко, но ние не сме толку многу привлечени кон спортот, како што сме кон самите играчи. Историјата, ривалството, атлетизмот, влогот – тоа е она што сакаме да го гледаме. Компјутерите никогаш нема да можат да заменат таков вид на возбуда.
Медицина
Од една страна, аспектите на медицината се целосно базирани на медицински знаења, техничка експертиза и анализа на податоци. Се ова може да биде автоматизирано без многу последици. Сепак, постојат елементи на здравствената заштита што компјутерите едноставно не се способни да ги извршуваат. Станува збор за правење тешки одлуки кога се немаат целосни податоци за пациентот, самото однесување на медицинските лица со оние пациенти кои престојуваат во болницата, справување со човечката психологија и слично. Во најмала рака, постои цела низа правни прашања кои би произлегле од ставање на животот на пациентот во рацете на медицински робот кој би можел многу лесно да направи погрешна одлука. Ваквата закана обезбедува луѓето секогаш да имаат свое место во здравството.
Едукација
Идните технолошки достигнувања можат да го сменат начинот на образованието, но никогаш нема да ја искоренат потребата за човечки наставници. Точно е тоа дека со текот на времето популарноста на онлајн курсевите е драстично зголемена. Но, треба да се запомне дека нивната содржина не се материјализира од тенок воздух. Некој тоа треба да го создаде за потоа истото да се пренесе онлајн. Доколку се тргнат настрана курсевите од ваков вид, ќе се постави уште едно важно прашање: Што е со оние наставни предмети како што се науката и математиката?. Предмети кои едноставно не се засновани само на знаење. Компјутерот нема да може да ги разбере нијансите на музиката, уметноста и литературата или да го научи сето тоа на субјективен начин. Дури и да дојде до ова сценарио, се смета дека тоа нема да може да функционира на долг рок.
Политика и право
Компјутерите нема да можат да бидат одговорни за цели градови, држави или земји. Компјутерите нема да создаваат нови закони и тие нема да донесуваат судски одлуки. Пратениците и судиите секогаш ќе треба да имаат одредено чувство за човеково расудување. Ваквите работи еден компјутер никогаш нема да може да ги постигне и да ги понуди.
Избегнувајте професии каде има преклопување помеѓу луѓето и компјутерите. Фокусирајте се на оние работни позиции кои во себе имаат елемент на човеково однесување, нешто што компјутерите не можат да го копираат. Станува збор за интуиција, креативност, иновација, сочувство и имагинација. Ваквите работни места секогаш ќе бидат безбедни.