Цените на горивата од средината на јануари не престануваат да растат. За еден месец во просек се зголемија 7 денари за литар.
Зголемувањето на цените на нафтата се одразија врз семејниот буџет на домаќинствата и врз трошоците на компаниите. Проблем за компании е што цената на екстра лесно масло за загревање на погоните се зголеми и се изедначи со дизелот. Сето ова, велат од бизнисот, ќе влијае на крајната цена на производите, односно на нивно зголемување, која повторно на крајот ќе ја платат граѓаните.
Цените на горивата од средината на јануари не престануваат да растат. За еден месец во просек се зголемија 7 денари за литар. Со последната одлука малопродажната цена на евросупер – 95 изнесува 83 денари за литар, на евросупер – 98 изнесува 85,5 денари за литар, а на евродизелот изнесува 80,50 денари за литар. Само пред еден месец цената на евросупер – 95 изнесуваше 76 денари за литар, а на евродизелот 74 денари за литар.
Од Регулаторна комисија за енергетика објаснуваат дека малопродажните цени на нафтените деривати зависат од референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и од курсот на денарот во однос на доларот.
Прогнозите се дека цените ќе продолжуваат да растат до просечни 109 долари во 2025 година, 128 долари во 2026 година и, конечно, 115 долари во 2027 година. Ова сценарио одразува некои проценки во енергетската индустрија кои веруваат дека глобалните вишоци ќе почнат да исчезнуваат по 2024 година.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press