Силината на пасошите на државите од Балканскиот Полуостров е рангирана според VisaGuide Passport Index во најновото рангирање за февруари 2024 година.
Според силината, најдобро стои пасошот на Грција кој е на 21. место во светот, а со тоа и прв на Балканот.
Следуваат пасошите на Хрватска и Словенија, 24. и 25-ти во светот.
Потоа се оние на Романија на 36. место и на Бугарија на 40-тото.
Голема разлика има во однос на оние држави што не се членки на Европската Унија. Нив ги предводи Србија на 65. место, Црна Гора на 75-тото, Македонија на 78. место, Албанија на 81. и Босна и Херцеговина на 82. место.
Убедливо најслабо рангиран балкански пасош е оној на Косово, кој е на 98. место во светот.