Во Андалузија неодамна за прв пат беше исцртана полна црвена линија на местото каде што претходно имаше двојна полна бела линија. Оваа црвена линија, нацртана на националниот пат А-355 во Малага, еден од најопасните во Шпанија, означува важен чекор во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот.
Бидејќи двојната бела линија очигледно не ја исполни својата цел, Шпанците повлекоа црвена линија над неа, надевајќи се дека тоа ќе биде јасно предупредување за возачите да останат во нивната лента и дека претекнувањето е забрането. Оваа мерка има за цел да го намали бројот на сообраќајни незгоди и да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Покрај црвената линија, предвидено е долж патот да се постават и четири едукативни радари или дигитални знаци. Тие, пишуваат Шпанците, ќе ги информираат возачите за нивната моментална брзина и ќе ги потсетуваат на максималната дозволена брзина, што дополнително придонесува за безбедноста на патиштата. Доколку црвената линија не ги спречи возачите да направат сообраќаен прекршок, надлежните во краен случај најавуваат воведување камери и радари кои ќе ги покриваат критичните точки, пренесува Вечерњи лист.