Откако постојат социјалните мрежи, речиси постојано преку нив се бараат работници во странство.
Последниот оглас кој е огласен во една група се однесува на барање жена за помош во домаќинство во Швајцарија, без да се наведе износ на плата и точен опис на работните обврски.
Она што изненади, се коментарите на постот, кои ги напишале жени и девојки од Македонија, а кои не штедеа зборови кога опишуваа како е да се работи за нашите во дијаспората.
Велат дека нешто полошо нема, дека ги третираат многу лошо, не ги пријавуваат и не им даваат убава плата, ги малтретираат и омаловажуваат.