Просечната нето плата во земјите од поранешна Југославија во декември 2023 година беше највисока во Словенија (1.530 евра), а најниска во Македонија (649 евра).
На второ место е Хрватска (1.191 евро), потоа Црна Гора (814 евра), па Србија (811 евра), и Босна и Херцеговина (654 евра).
Словенија – 1.530 евра
Просечната нето плата во декември 2023 година во Словенија изнесува 1.529,86 евра и номинално е четири отсто пониска од ноемвриската плата, а реално за 3,5 отсто. Просечната бруто плата за декември 2023 година изнесува 2.348,32 евра.
Хрватска – 1.191 евро
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Хрватска за декември 2023 година изнесува 1.191 евро, што е номинално пониска за 1,4 отсто, а реално за 0,9 отсто во однос на ноември 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика на Хрватска. Просечната месечна бруто-плата во декември 2023 година изнесува 1.620 евра.
Иако, просечната плата континуирано расте, Македонија е закована на дното споредено со земјите од поранешна Југославија.
За сериозен раст на платите е потребен раст на економијата и на продуктивноста.