Министерството за внатрешни работи преку соопштение до јавноста утрово вели дека од денес термини за закажување на лични документи можат да се закажат електронски.
„Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.
Имено, во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.
Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок“, велат од МВР.
До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/