Масажи, пиво, свирење класична музика. Постојат многу митови за тоа како се одгледува јапонски добиток со врвен квалитет, од кој се прави најскапото месо на светот, но едно е сигурно – вистинските познавачи не можат да одолеат.
Wagyu (ваги) буквално значи јапонска крава или јапонскo говедo, и се однесува на четири раси јапонски говеда, од кои јапонскатo црнo говедo со нивните сорти, зазема 90% од производството, генетски предиспонирани да даваат месо кое содржи многу поголем процент на омега- 3 и омега -6 масни киселини, отколку што е случајот со обичните говеда, пишува порталот Volim meso, а пренесува City Magazine.
Затоа, целото говедско месо Коби е Ваги, но името Коби е само она што потекнува од јапонските црни говеда, сортата Таџима, а целото производство, од зачнувањето, породувањето до колењето, се одвивало во префектурата Хјого, чиј главен град е Коби.
Производството вклучува цела низа ригорозни правила за одгледување, како и со сите Wagyu, кои обезбедуваат месо буквално да се топи во устата, ишарано со мермерна маст и вредно стотици долари по порција.
Неодамна на TikTok се појави видео од најскапото говедско месо wagyu, а неговата цена е 6.500 долари за килограм и се служи само во неколку ресторани во светот.