![„За оценките ќе се жалите кај „ChatGPT"“: Се подготвува софтвер кој ќе ги замени наставниците во оваа работа](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ad/5b88b1da-resize-820x0x100.jpg)
Новиот софтвер им овозможува на наставниците да користат вештачка интелигенција за да ги оценат тестовите.
Не е тајна дека многу ученици и студенти користат „ChatGPT“ за пишување на состави и вршење на други задачи.
Меѓутоа, сега сè повеќе помош од вештачката интелигенција бараат и наставниците и професорите, за да ги оценуваат тестовите на учениците и студентите.
Новиот софтвер, со име „Writable“ им овозможува на наставниците да користат вештачка интелигенција за да оценуваат тестови, а компанијата за овој софтвер вели дека на наставниците им го заштедува времето на дневно ниво и им дава повратни информации.
Алатката работи така што наставниците ги внесуваат одговорите на учениците во софтверот, а потоа ги обработува „ChatGPT“ кој нуди и коментар со забелешки. Овие информации потоа би требало да ги проверат и наставниците.
Секако, ваквиот систем посебно ги погодува западните просветни системи, како што е тој во САД каде постои опсесија во стандардизацијата во тестирањето.
Се сугерира дека користењето на „AI“ алатки дополнително ќе ги дистанцира учениците од наставниците и дека со време оваа ситуација само ќе се влошува.