Данска сака да го зголеми бројот на млади луѓе кои служат во војската со проширување на воената обврска за жени и продолжување на службата од четири на 11 месеци за двата пола, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.
Данска моментално има 9.000 професионални војници и 4.700 регрути, кои сака да ги зголеми на 5.000.
Сите работоспособни мажи на возраст од 18 и повеќе години се повикани на четиримесечен воен рок, но многумина всушност не служат бидејќи веќе има голем број волонтери.
Во 2023 година, жените во Данска сочинуваа 25,1 отсто од сите регрути.