УНЕСКО штотуку додаде шест нови записи на листата на нематеријално културно наследство во Германија, вклучувајќи ја и техно сцената во Берлин. Ознаката за нематеријално културно наследство е наменета за зачувување на културните традиции, јавува Дојче веле.
Германскиот главен град стана светски познат по својата енергична техно сцена. Сепак, берлинските клубови сè уште страдаат од последиците од пандемијата на коронавирусот.
Според УНЕСКО, нематеријалното културно наследство се однесува главно на културни форми на изразување, кои се директно поврзани со човечката креативност и традициите, а кои луѓето ги пренесуваат низ генерации и постојано се развиваат.
Ова меѓу другото, вклучува практики, ритуали, вештини и изведувачки уметности како што се музиката, танцот и театарот, кои треба да се сочуваат и да се одржуваат во живот.
Листата на УНЕСКО сега содржи 150 записи во Германија.