Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (понеделник), без електрична енергија ќе останат:
- од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Козара. (Општина Центар)
- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Воин Драшковиќ. (Општина Ѓорче Петров)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека:
- поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка, на ул. Софиска бр. 19, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица (Општина Карпош).