Германските власти во северниот дел на Германија, Долна Саксонија, ќе добијат по 3.000 евра како компензација за инфлацијата. Оваа одлука едногласно ја донел покраинскиот парламент, пишуваат германските медиуми.
Според Министерството за финансии, овој чекор бил неопходен за да се префрли дел од колективниот договор од декември минатата година, покрај вработените во колективниот договор, на државните службеници и на корисници на пензија.
Околу 230.000 лица се очекува да имаат бенефит од исплата на обештетување, кои во најголем дел ќе се исплаќаат на рати.
Како што неодамна напиша германската новинска агенција (dpa), повеќе од три четвртини, или 77,9 отсто од работниците во Германија добиле еднократен бонус за инфлацијата од октомври 2022 година или ќе го добијат до крајот на годината.
Просечниот износ на „премијата“ е 2.761 евро, но очигледни се разликите меѓу бонусите на вработените во зависност од секторот во кој работат.
Најмал бонус добија градежниците со просечни 1.104 евра, а вработените во земјоделството, шумарството и рибарството 1.689 евра. Најдобри биле вработените во јавната администрација со просечни по 3.000 евра и наставниците.
Нешто помал бонус добија уметниците, вработените во областа на забавата и рекреацијата, водоснабдувањето, одводнувањето и депонирањето на отпадот.
Имено, од бонусите најмногу користеле работниците во индустријата, водоводите, канализацијата и отпадот, кои ги добиле околу 96 отсто од вработените во тие сектори. Работодавачите имаат право да ја исплатат премијата за инфлација до крајот на оваа година.