Дали стапката за невработеност е доволен показател за активноста на мнозинството граѓани на пазарот на труд во земјава. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година сме имале 13,1 отсто невработеност во земјава.
Иако податоците од Агенцијата за вработување покажуваат дека има раст на невработените, поточно на лицата кои бараат работа во последните три месеци, бројките на статистичарите укажуваат дека не само што имаме лица кои бараат, а тешко доаѓаат до работа, има и голем број сограѓани кои воопшто и не работат, но ниту пак бараат работа. Дали тоа се должи на фамилијарните услови, на неможноста да најдат работа, на лошите работни услови низ кои поминале, или други фактори треба дополнително да се анализира.
Она што покажуваат бројките на ДЗС е дека во домашната економија се вклучени мал број сограѓани, во споредба со вкупниот број на граѓани.
Па така, ако се погледнат податоците на Државниот завод за статистика, ќе се види дека меѓу граѓаните кои се на возраст од 20 години, па се до 64, кога е границата за пензионирање има 1.095.787 граѓани кои се работоспособни. Притоа од таа бројка, активни на пазарот на труд се само 777.050 граѓани.
Од нив вработени се 676.462 лица, додека пак невработени се 100.588 невработени.
Останатите, односно разликата меѓу работоспособни и активни на пазарот се неактивните граѓани, кои достигнуваат до високи 318.737 граѓани.
Податоците на статистичарите откриваат дека бројот на неактивни граѓани во земајва е значително поголема ако се земат предвид граѓани на возраст од 15 па се до 89 години, која всушност и е вообичаена група за анализа. Тука неактивни се дури 723.459 граѓани. Притоа вкупниот број на работоспособни меѓу нив достигнува 1.515.107 граѓани, а од нив само 791.647 се активни на пазарот на труд. Притоа вработени се 688.296 лица, додека невработени 103.351 граѓани.
Подетални податоци за разликите меѓу враобтените и невработените, но и оние кои воопшто не бараат работа може да ја видите во следната табела:
Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk