Во 2023 година во земјава речиси 800 илјади граѓани се водат како активни на пазарот на труд. Од нив близу 700 илјади се во редовен работен однос, а нешто над 100 илјади се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.3, стапката на вработеност 45.4, додека стапката на невработеност изнесува 13.1 отсто.
Податоците од најновиот извештај на Државниот завод за статистика покажуваат дека во ова време во кое компаниите имаат мака да најдат работници во Македонија се случува раст на невработеноста. Во третиот квартал лани невработеноста изнесувала 12, 8 отсто, а сега таа е над 13 отсто.
Доколку се проанализираат податоците може да се забележи дека лани во Македонија се намалил бројот на активно население воспоредба со 2022 година. Ако пред две години вкупното активно население во земјава изнесуваше 808 илјади греѓани, тоа на крајот на ланската година изнесувало 791 илјади граѓани. Па затоа во текот на 2023 година во однос на 2022 има намалување на бројот на вработени за околу 13 илјади лица. Интересен е податокот кој во извештајот вели дека има пад на бројот на невработени за идентични 13 проценти.
Податоците на статистичарите покажуваат дека од 791 илјади активни лица во Македонија, 462 илјади се мажи а останатите 329 илјади се жени. Во однос на компарацијата за вработеност на 100 повеќе се мажи, 396 илјади има мажи кои се во редовен работен однос а 292 илјади се жени. Во однос на невработеноста, од над 100 илјади невработени во државата за околу 20 илјади повеќе се мажи кои не работат.
Во однос на вработеноста и невработеноста по возрасни групи може да се забележи дека најмогу вработени граѓани има од 25 до 49 години, а пак невработеноста е највисока кај истата категорија и податоците велат дека 67 илјади граѓани на возраст од 25 до 49 години се невработени.
Според секторите, најмногу вработени во приватниот сектор има во преработувачката индустрија 134 илјади лица, со 106 илјади вработени се граѓаните кои се дел од трговијата на големо и мало, во градежништвото се 50 илјади лица, десетина илјади помалку во секторот транспорт и складирање, во секторот образование има вработено околу 50 илјади лица, а по 30 илјади се вработени во сместувачките капацитети и во секторот информации и комуникации.
Во Македонија на пазарот на труд има 4500 вработени лица без никакво образовани, а 1900 граѓани без ниту една диплома во моментов бараат работа. Со недовршено основно образование работат 13 илјади лица, а три илјади чекаат ново вработување, со основно образование во земјава се вработени 91 илјади граѓани а 20 илјади се невработени, потоа со три години средно образование работат 50 илјади лица, а над шест илјади се невработени.
Најмногу граѓани на пазарот на труд има со завршено средно училиште со четири гонини, 336 илјади вработени и 52 илјади невработени граѓани, со вишо образование се осум илјади вработени и над 500 невработени. Со високо образование во земјава има 188 илјади вработени, а невработени речиси 19 илјади граѓани.