
Џена С. е извршна директорка на банка во западен Лондон и е во потрага по дадилка која ќе се грижи за нејзините ќерки додека се две недели на одмор на Бахамите. Во огласот е напоменато дека сите трошоци за ова патување се платени.
Меѓутоа, постои еден услов. Одморот ќе биде за време на божиќните празници и тоа значи дека избраниот кандидат ќе треба да ги помине тие денови далеку од својата фамилија.
Дадилката ќе пресотојува во семејната куќа што се наоѓа на плажата, но и ќе има пристап и до горниот спрат, спа центарот и приватната плажа. Избраниот кандидат нема да има слободен ден за време на траењето на одморот.
Бараме некој кој е забавен и енергичен за да ги помине божиќните празници со нас на Бахамите и да ни помогне во грижата за нашите девојчиња (4) и (2), бидејќи нашата постојана дадилка не може да дојде со нас.
Нудиме великодушна плата и бесплатен лет и смештај.
Ни треба некој да ни помага наутро и навечер, а во текот на денот ќе може да ужива во сонцето, стои во огласот.
За само неколку часа се јавиле 200 луѓе.