Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи ја информира македонската јавност дека денес пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти и дека процесите во тој дел се одвиваат тековно.
Сепак Бојмацалиев сугерираше дека е информиран од Управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак сè уште од страна на кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи.
„Бројката на неодбрени документи стига над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам и писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем.“, потенцираше Бојмацалиев.