Дали странските работници ќе ги задоволат очекувањата на домашните работодавачи?
Новина за пазарот на трудот во Македонија е регрутирање на работна сила од азиските земји. Од април на брегот на Охридското Езеро започнуваат со работа увезените работници од Непал, Индија, Филипини и Малта. Не само во хотелиерството, и во текстилната индустрија се носат работници од Азија. Во прилепската текстилна индустрија веќе пристигнаа девет работници од Непал, а се очекуваат уште десетина. Увозот на работна сила во Прилеп е во почетна фаза, но го отвора прашањето за состојбите со домашната понуда на пазарот на трудот.
Во земјава веќе постојат агенции кои помагаат при регрутирање на работници од Далечниот Исток на Азија. На сајтот на една таква агенција објаснуваат дека процесот на регрутирање азиски работници е комплициран и трае отприлика 2-3 месеци од подготовка на документите до финална регрутација и започнување со работа.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press