Се повеќе компании почнуваат да го отфрлаат формалниот тон на комуникација во огласите за вработување. На негово место доаѓа помалку формалниот, пријателски тон во второ лице („ти“).
Дали вработувате? Размислувате како да дизајнирате оглас за работа кој ќе го привлече вниманието на кандидатите што ги барате? Се разбира, денес постојат голем број начини на кои работодавачите се обидуваат да го привлечат вниманието на најдобрите кандидати. Токму поради оваа причина, издвоивме неколку трендовски начини како вашиот оглас да се издвои од толпата:
Родово инклузивен јазик
Во некои земји, работодавачите сè почесто огласите за работа ги започнуваат во женски рок за да промовираат рамнотежа меѓу половите во нивната организација или да се разликуваат од другите огласи за работа. Тоа е начин со кој на прв поглед можете да го привлечете вниманието на кандидатот.
Акцент на вредностите на компанијата
Видливо е зголемувањето на огласите за работа кои даваат приоритет на откривањето на основните вредности на компанијата. Компаниите се обидуваат да ги изразат своите вредности на едноставен и искрен начин, избегнувајќи прекумерно формален или корпоративен јазик. Со таквиот пристап, компаниите им даваат на кандидатите одлична можност да ја проценат усогласеноста помеѓу нивните сопствени вредности и вредностите на идниот работодавач.
Неформален тон на комуникација
Се повеќе компании го отфрлаат формалниот тон на комуникација во огласите за вработување. На негово место доаѓа помалку формалниот, пријателски тон во второ лице („ти“). Овој пристап, иако можеби не е универзален, неизбежно привлекува поголемо внимание кај кандидатите.
Истакнување на она што го нуди компанијата
И навистина, огласите за работа сега започнуваат со преглед на тоа што компанијата им нуди на потенцијалните вработени и дури потоа започнуваат опис на сите барања и квалификации што ги очекуваат од кандидатот. Оваа стратешка промена е главно влијание на жестоката конкуренција на пазарот на трудот и е уште една алатка со која работодавачите сакаат да ги привлечат најдобрите кандидати.
Флексибилност во барањата
Пазарот на трудот станува сè по захтевен, што доведе до развој на уште еден тренд кај работодавачите, а тоа е прилагодување на барањата од „задолжително“ во „пожелно“. Оваа промена одразува прагматичен одговор на предизвикот да се најдат кандидати кои совршено одговараат на сите предуслови.
Акцент на едноставноста
Полека, но сигурно, можеме да забележиме како работодавачите ги напуштаат „сложените“ огласи за работа во корист на концизни, приспособени и добро дизајнирани огласи кои имаат за цел да го привлечат вниманието на идните вработени и да им пристапат на пријателски и поедноставен начин. Овој тренд не е присутен само во ИКТ секторот, туку се шири во сите стопански гранки. Ваквиот пристап отвора можност за полесна комуникација помеѓу идниот работодавач и работникот.
Огласите за вработување стануваат заштитно лице на работодавачот
Огласите за вработување служат како моќна алатка за обликување и зајакнување на брендот на работодавачот. Во различни индустрии, се поголем е акцентот на проектирање на слика за хуманост, транспарентност и отвореност. Оваа форма на промоција е еден од најдобрите начини, бидејќи со нив на идните кандидати им нудите увид во визијата и мисијата на компанијата на прв поглед.