Во текот на викендот се најавуваат невобичаено високи температури за овој период од годиниата, но и висок УВ индекс заедно со топол ветер.
- Висок УВ ИНДЕКС со коефициент 7, како и топол јужен и југозападен ветер не очекува времето викендов, како и во понеделник. Поради повторените изразени јужни и југозападни воздушни струи, од Сахара на наша територија повторно ќе се транспортира прашина и песок, така што атмосферата ќе биде облачно особено во недела и понеделник - вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Според него, викендов и во понеделник ќе се достигна рекордни температури за овој период, па дури најавува дека ќе надминат 30 степени.
- Во понеделник во Македонија ќе биде до 32 степени, во регионот над 32 степени.
Во понеделник, на 1 Април во Македонија, како и во регионоит би можело да се мерат температури толку високи за самиот почеток на април што многу долги години сме немале во тоа време толку високи температури на воздухот.
Според моменталните анализи со кој располагаме, во централните предели од Македонија во понеделник се очекуваат температури до 32 степени, во регионот тие би можеле да бидат дури и повисоки, до околу 33-34 степени - пишува Попоски.