Во екот на најголемата криза за храна и поскапувањето на бројни хранливи продукти, меѓу кои и основните како млекото, млечните производи, лебот и житните продукти, но и раст на цените на месото, неминовно се наметнува прашањето се грижи ли некој за домашното прозизводство на млеко и за драстичното намалување на бројот на добиток во земајва.
Бројките говорат дека Македонија низ годините загубила многу, дека бројот на добиток е намален кај сите категории, а следствено на тоа, намалено е и домашното производство на млеко.
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во Македонија во 2023 година имало само 148.693 говеда, од кои 3.468 се сопственост на деловни субјекти, додека 145.225 се на индивидуалните фармери.
Само пет години претходно бројките биле скоро двојни. Во 2018 година во Македонија имало дури 256.181 говеда, од кои 6.559 биле во сопственост на деловни субјекти, додека пак 249.622 на фармери.
Ако се погледнат бројките од пред десет години, поточно во 2013 година, ќе се забележи дека тогаш имало дури и помалку говеда од 2018 година. Имено во 2013 година во Македонија биле избројани 238.333 говеда, од кои 6.919 биле на деловни субјекти, додека 231.414 во сопственост на фармерите.
Од податоците кои се достапни на веб страната на ДЗС, може да се види дека статистичарите имаат податоци се до 2009 година, кога на македонските ниви биле изборјани 252.521 говеда, од кои 8.456 биле сопствеништво на деловни субјекти, додека пак 244.065 на фармери.
Податоците покажуваат дека освен кај свињите, слични трендови има кај сите домашни животни. Па така, ако минатата година во Македонија имало 193.412 свињи, пред десет години нивниот број изнесувал 167.492. Додека пак во 2009 година имало 193.840. Ова покажува дека иако и овој сектор бележел пад, последните години бројот на примероци на свињи во нашата земја повторно се зголемил.
Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk