Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 проценти во однос на претходната одлука.
Од 29.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 91,00(денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 48,715 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.9.2023 година.