Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро сака да ја зголеми минималната плата за 150 проценти со цел да се избори со хиперинфлацијата со која се соочува оваа латиноамериканска земја.
Зголемувањето на минималната плата како мерка која Мадуро ја најави изминативе денови доаѓа како корекција за планот за економско закрепнување на земјата, кое впрочем е започнатно уште пред 100 години.
Според прогнозите на ММФ, до крајот на годинава инфлацијата во Венецуела се очекува да достигне еден милион отсто.
Порталот Bloomberg, економската криза во Венецуела ја споредува со онаа во Германија во 1923 година или во Зимбабве на крајот од 2008 година.
Венецуелската економија во 2018 е во длабока рецесија и забележа пад на БДП за 18 проценти, а тоа доаѓа како резултат на намаленото производство на нафта.