Најновиот извештај на Обединетите нации покажува дека лани на глобално ниво 282 милиони луѓе се соочиле со глад.
Истражувањето е направено во 59 држави во сите континенти. Тоа што посебно загрижува е што бројот на лица кои се соочиле со акутен глад во текот на 2023 година е зголемен за дури 25 милиони луѓе. Најкритично лани било во појасот Газа. Што се однесува до Македонија, информациите велат дека сиромаштијата се продлабочува, а дури 70 илјади граѓани од кои повеќето се деца, во текот на една седмица имаат само неколку оброци.
Влошувањето на безбедноста и недостатокот на храна во појасот Газа е една од главните причини за енормниот раст на зголемувањето на гладните во светот. Дополнително, Обединетите нации го зголемиле и бројот на држави во кои се мери овој негативен тренд кој од година во година се продлабочува. Бројката од речиси 300 милиони или поточно 282 милиони луѓе кои лани едвај стасале до корка леб е доволна причина за да се запали црвенот аларм кај хуманитарните организации и државите кои вистински сакаат да помогнат на гладните луѓе ширум светот.
Тоа што најмногу загрижува од извештајот на Обединетите нации е податокот што во светот лани умреле многу деца и до ОН поради таквите трогателни податоци ја повикаа меѓународната заедница за се поголема вклученост во надминување на овој глобален проблем. Храна мора да се обезбеди во значително поголеми количини во најранливите области.
„Конфликтите што избувнаа во последните 12 месеци доведоа до катастрофална глобална ситуација. Над 80 отсто од оние кои се соочуваат со глад се во Газа, Јужен Судан, Буркина Фасо, Сомалија и Мали“, се наведува во извештајот на Обединетите нации.
Проблемите за обезбедување на оброк се се поголема мака и во Македонија.
Податоците од Банката за храна велат дека дури 70 илјади граѓани во текот на една недела имаат само по неколку оброци.
Неколку годишната криза во земјава не само што ја зголеми несигурноста кај 100ци илјади домаќинства туку ја продлабочи сиромаштијата а тоа значи дека има се повеќе гладни.
Информациите кои ги добивме од Банката за храна од Македонија се дека околу 15 години, тие помагаат на околу пет илјади домаќинства кои се од ранливите семејства.