Граѓаните на Венеција ,денеска излегоа на протести поради одлуката на градоначалникот Луиџи Бруњаро да се наплаќа по пет евра за влез во градот на туристите.
Одлуката на градоначалникот стапи на сила денеска. Целта за воведување на ,наплатата е во насока на заштита на градот од големиот број на туристи.
Карта за влез во Венеција ќе може да се купи онлајн и во живо, а од плаќање се ослободени жителите на Венеција, работниците во градот, студентите, децата помлади од 14 години, како и туристите кои што во Венеција би преноќиле само една ноќ.
За туристите кои ќе бидат фатени без карта се предвидени парични казни од 50 до 300 евра.