Луѓето често велат дека интелигенцијата е нешто со кое се раѓаат само оние што имаат среќа. Но, не е секогаш така. Интелигенцијата може и да се наследи и да се стекне. Според експертите, средината околу вас може драстично да влијае врз вештините на мозокот и начинот на кој размислувате.
Забележано е дека сите интелигентни луѓе покажуваат слично однесување и имаат слични карактеристики.
Не се интересираат за туѓите животи
Судењето на другите и озборувањето се работи што интелигентните луѓе не ги прават. Нив никогаш не ги интересира што се случува во животот на другите луѓе. Всушност, според неодамнешно истражување, интелигентните луѓе се најсреќни кога се сами за да можат да прават работи без никој да им пречи. Тие не се осамени, туку на нивниот мозок им е потребен простор да дише и да функционира.
Прават многу шеги и имаат одлична смисла за хумор
Човек кој е способен да ја претвори секоја ситница во шега и да ги натера сите да се смеат не е ништо помалку од гениј. Потребни се неверојатно креативни вештини за да се најде хумор во секојдневниот живот.
Во случај да треба да ве убедиме, ќе споделиме неколку примери. Конан О’Брајан, познат американски комичар, има IQ 160, додека нормалните луѓе имаат помеѓу 85 и 115. Лиза Кудроу, која ја глумеше Фиби Буфе во ситком-серијата „Пријатели“, има IQ 154.
Си зборуваат сами
Знаевте ли дека Алберт Ајнштајн, еден од најголемите гении што некогаш ги видел светот, разговарал сам со себе? Истражувачите откриле дека луѓето што си зборуваат сами, без оглед дали тоа го прават наглас или во умот, се поинтелигентни од оние што не зборуваат.
Зборувањето сам со себе помага да го изострите мозокот, ја зајакнува вашата меморија и помага да ги организираме мислите.
Слушаат музика многу често
Сите слушаат музика, но оние на кои постојано им се слушалките на ушите се вистински гении. Во неодамнешно истражување е откриено дека не само што луѓето кои знаат да свират музички инструмент поседуваат високо ниво на интелигенција, туку и оние што често слушаат музика се екстремно паметни.
Истражувањето додава дека интелигентните луѓе претпочитаат да слушаат музика без вокал.
Работат паметно, а не напорно
Спротивно на популарното верување, интелигентните луѓе не учат и не работат постојано. Наместо тоа, тие се всушност мрзливи и поради тоа се обидуваат да најдат најлесен начин да ги извршат задачите беспрекорно без да мора да работат напорно.
Според науката, луѓето што се помалку физички активни се поинтелигентни од оние што цело време брзаат.
Секогаш бараат одговори
Интелигентните умови се љубопитни. Им пречи ако дури и еден мал лист остане несвртен. Тие секогаш бараат одговори и истражуваат мистерии. Според едно истражување, љубопитноста е јасен знак за висока интелигенција. Интелигентните луѓе и многу читаат.
Си ги признаваат грешките
Според Џеф Безос, основач на „Амазон“, најголемиот знак за интелигенција е способноста да прифаќате грешки и да учите од нив. Никој не е совршен, но оние што си ги признаваат грешките се најинтелигентни.
Луѓето се склони да веруваат дека се во право и дека другата личност греши. Но, потребен е многу функционален мозок за да се разбере гледиштето на другата личност и да се најде вината во себе.
Јадат чоколадо
Љубители на чоколадо, ова е вашето време да блеснете! Според истражување, редовното јадење чоколадо го подобрува функционирањето на мозокот и како резултат на тоа, вашиот мозок е поостар и вие сте попаметни. Откриено е дека луѓето што јадат чоколадо често имаат подобра меморија, сознание и расудување.
Не зборуваат премногу
Интелигентните луѓе не учествуваат во бескорисни разговори. Тие си го задржуваат мислењето за себе. Луѓето што се попаметни зборуваат помалку со другите, а постои и причина зошто. Според експертите, интелигентните луѓе се поповлечени бидејќи:
– Имаат голема логика и не сакаат да продолжат да водат разговор што не им е во корист на кој било начин.
– Не се грижат. Тие попрво би направиле нешто продуктивно отколку да озборуваат.