Црна Гора – бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам, земја во која се вкрстуваат истокот и западот, хеленската и римската култура.
Оваа година, Будва, еден од најпопуларните туристички центри во Црна Гора, очекува повеќе туристи од обично, особено од Македонија.
Будва е преубав град, опкружен со ѕидини и волшебни плоштади, чија архитектура привлекува илјадници туристи.
За тие што не биле никогаш таму, на Будванска ривиера се наоѓаат долги песочни плажи, меѓу кои најпознати се Словенска плажа, Милочер, Каменово и Могрен.
Во непосредна близина се наоѓа и најголемиот остров во овој дел на Јадранот, Св. Никола, до кој се стигнува со брод-такси.
Сепак, интересен аспект е дека жителите на Македонија може да патуваат во Црна Гора со лична карта, особено оние што не успеале да добијат пасош со придавката „Северна“.
Оваа политика на отворени граници и лесен пристап до Црна Гора може да биде еден од факторите кои привлекуваат повеќе туристи од Македонија да ги искусат преубавите плажи, културата и гостопримството на овој прекрасен балкански бисер.
Иако Будва се соочува со предизвици како хаотичен масовен туризам и изградба на нови стамбени комплекси, има надеж за подобро управување и развој.
Инаку, црногорските капалишта ќе бидат подготвени за новата туристичката сезона на 1 мај, соопштуваат оттаму.
Тоа значи дека досегашните концесионери на плажите веќе работат под полна пареа за да ги подготват плажите по највисоки стандарди.
„Првомајските празници ни се многу важни оваа сезона, бидејќи се совпаѓаат со Велигден. Ние, закупците, кои сме околу 600 на број, сме спремни да вложиме пари само за капалиштата да бидат готови до 1 мај“, вели угостителот Никола Перишиќ од Будва.
Хотелите и рестораните веќе ги обучуваат новите сезонски работници.