Два македонски градови се најдоа на новообјавената топ 10 листа на најзагадени градови во Европа во 2023 година.
На 8-то место е Струмица, а на 9-то е Тетово. Од регионот, Србија, Босна и Херцеговина исто така имаат по два града на листата, а Црна Гора еден.
Од другите европски земји во топ 10 листата е единствено Италија. Прв на листата е Плевља, а потоа се Торкиароло, Тузла и Зеница (Босна и Херцеговина), италијанскиот град Чеглие Месапика, потоа Бијело Поље во Црна Гора. Додека два града од Србија , Чачак и Врање, се на самиот крај од листата.