Мет Галата е окарактеризирана како најважен моден настан во годината, а иако малкумина добиваат покана, мора да платат и висока цена за влез, кој годинава изнесувал 75.000 долари.
Галата се одржува секој прв понеделник во мај, а со нејзиното пристигнување секогаш се води дебата за тоа кој ја плаќа цената на билетите за познатите кои се појавуваат на црвениот тепих. Процесот започнува со добивање покана - се разбира, не секој може да купи билет, дури и оние кои се спремни да издвојат значителна сума на пари.
Индивидуалните билети за Мет Галата оваа година чинеле 75.000 долари, во однос на 50.000 долари во 2023 година. Цената на масите започнувале од 350.000 долари.
Често, дизајнерските куќи купуваат маси и покануваат личности од висок профил. Поради оваа причина, дури и најбогатите познати личности ретко плаќаат целосна цена за своите места на врвот на скалите.
Настанот на крајот е собирање средства и до денес, под водство на Ана Винтур, собрани се приближно 223,5 милиони долари. Минатата година, галата собра околу 22 милиони долари.
Ана Винтур е позната по тоа што ја надгледува строго контролираната листа на гости. Организаторката на Мет Галата, Иди Кирнан, изјави за „Vogue“ дека плановите за седење започнуваат да се подготвуваат во декември, но на крајот се составуваат еден месец пред настанот.
Со обезбеден пристап, присутните најпрво одат на црвениот тепих во модни креации внимателно испланирани во согласност со кодексот на облекување и темата.
По пристигнувањето во музејот, галата започнува со коктел час. Гостите имаат можност да ја разгледаат изложбата во музејот во текот на овој час, по што следи свечена вечера.
За време на галата чести се и изненадувачките настапи. Традицијата на настапите на Мет Галата започна во 2010 година кога Лејди Гага ја испеа „Bad Romance“, а настапуваа ѕвезди како Мадона и Лизо. Потоа следи „афтер“ забавата.