Пред неколку дена медиумите пишуваа дека асистенката на Меган Маркл дала отказ бидејќи однесувањето на војвотката станало неподносливо.
Како што пишува „Блиц“, војвотката од Сасекс и Кембриџ бараат неколку луѓе за работа во палатата.
Откако асистентката на Меган даде отказ, војвотката итно бара нова лична асистентка. Освен тоа бара и дадилка бидејќи во април ќе пристигне принова.
Дадилката треба да знае да зборува неколку јазици, а и да знае да готви. Војвотката од Сасекс бара и приватен секретар, а таков работник бара и принцот Хари.
Од друга страна, Кејт Мидлтон бара и модна креторка бидејќи жената која работела за неа заминува на породилно отсуство.