„Google“, технолошкиот гигант чии услуги ги користат милијарди луѓе ширум светот, има функција која му овозможува тајно да ги снима гласовите на корисниците и да ги складира за други цели.
„Google“ складира аудио записи од корисничката активност на интернет и во апликации, вклучувајќи вербални интеракции со „Пребарување“, „Помошник“ и „Карти“, за да ги подобри технологиите за препознавање глас.
Меѓутоа, неодамна, технолошки експерт откри „код за измама“ за кој тврди дека може да го спречи „Google“ да ги евидентира активностите на паметните телефони на корисниците.
Корисниците треба да ја приспособат својата сметка на „Google“ со избирање на соодветните поставки во „Податоци и приватност“ за да го блокираат пристапот до микрофонот и камерата од технолошката компанија, пишува „Daily Mail“.
Технолошкиот претприемач Џефри Кастиљо сподели совет со корисниците преку видео на „Instagram“, објаснувајќи како можат да ја исклучат функцијата.
Имено, потребно е да ја отворите апликацијата на „Google“ и да кликнете на „Manage your Google account“. а потоа да ги отворите поставките за податоци и приватност, потоа поставките за историја и потоа „Активност на веб и апликации“.
Оттаму, скролувајте надолу до делот „Вклучи гласовни и аудио активности“ каде што има сина ознака за проверка. За да престане „Google“ да ве „слуша“, треба да ја откажете таа ознака, односно да ја преместите ознаката за проверка.
„Кога ова е исклучено, аудиоснимките од гласовните интеракции со пребарување на „Google“, „Помошникот“ и „Карти“ нема да се складираат на вашата сметка на „Google“, дури и ако сте најавени“, објасни „Google“.