Доколку летово планирате да патувате во Грција, треб да внимавате на новиот закон кој се однесува на возилата на кои им е дозволен влез во земјата.
Специјализираната веб-страниca Nikana.gr пишува дека на во Грција на сила е нова закон што се однесува на електрични и хибридни возила, како и возила што користат други алтернативни горива како течен или природен гас.
Од безбедносни причини, батериите на електричните и хибридните возила не смеат да се полнат повеќе од 40 отсто од вкупниот капацитет.
Задолжителна е и контролата на температурата, а забрането е полнење на батериите на брод или траект.
Исто така, за автомобилите што користат течен или природен гас, законот налага резервоарите да не се полнат повеќе од 50 отсто од вкупниот капацитет.
Причината за овие мерки е што пожарите на контејнерските бродови и траектите се гаснат со јаглерод диоксид, но овој метод не функционира за електричните автомобили.