Преку услугата MojaPlata, можете да одредите каква е фактичката состојба на пазарот за одредена позиција и да видите колку реалните плати на вашите вработени отстапуваат од просекот
Парите можат да обезбедат основна сигурност, удобност и да го олеснат пристапот до одредени искуства и работи кои можат да придонесат за среќа, како што се патувањата, образованието или времето поминато со саканите.
Меѓутоа, сама по себе среќата е посложена и подлабока емоција која произлегува од многу други фактори како што се задоволството од работата, квалитетот на односите со другите луѓе, смислата и целта во животот, емоционалната благосостојба, внатрешниот мир и многу други аспекти. Значи, иако парите можат да бидат корисна алатка за создавање на средина во која сето ова звучи прекрасно, не ни требаат пари за среќа.
НО, задоволството на вработените во голема мера зависи од платата. Можеби не толку висока, туку конкурентна.
Конкурентна плата е износот на паричен надоместок што работодавачот му нуди на вработен кој е споредлив со или подобар од платите за слични позиции во иста индустрија или географска област. Овој тип на плата им помага на работодавачите да привлечат и задржат талентирани работници.
Конкретно, конкурентната плата зема предвид неколку фактори:
- Дејност: Висината на платата што е во согласност со просечните плати за ист вид на работа во одредена дејност.
- Локација: Платите може значително да варираат во зависност од трошоците за живот во различни општини.
- Искуство и квалификации: Високо образование, дополнителни вештини и искуство обично резултираат со повисока плата.
- Трендови на пазарот: Економските промени, побарувачката за одредени позиции, вештини или флуктуации во индустријата влијаат на нивото на конкурентната плата.
Конкурентната плата често вклучува не само основна плата, туку и други бенефиции како што се бонуси, здравствено осигурување, планови за пензионирање, платен одмор, флексибилно работно време и други бенефиции кои се додаваат на вкупниот надоместок на вработениот.
Преку услугата MojaPlata, можете да одредите каква е фактичката состојба на пазарот за одредена позиција и да видите колку реалните плати на вашите вработени отстапуваат од просекот.